Никој не го сака Харт во својата екипа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Џо Харт, голманот од Манчестер Сити нема да премине во Ливерпул и Евертон бидејќи двата ривали се откажаа од негово ангжирање.

Клоп е наводно задоволен од своите голмани, па според пишувањето на медиумите во Англија понуда за Харт нема да биде испратена од Ливерпул.

Харт е лут на управата на Сити бидејќи не му кажа на Харт да бара нов клуб. Се смета дека Гвардиола уште на крајот на минатата сезона го отфрли Харт од својот состав, но Харт не бил известен за тоа.

Нема да премине ниту во Евертон, бидејќи го сакаат на позајмица но не се согласуваат да му плаќаат и 180.000 фунти месечно.

И Севиља истотака се откажа од Харт.

Харт првите два натпревари ги седеше на клупа, прв голман е Кабалеро, а сега е ангажиран и Клаудио Браво па Харт веројатно ќе биде трет голман.