Никој не може да го запре: Ѓоковиќ доби дозвола да игра на Австралијан опен!

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ потврди дека ќе игра на Австралијан опен, откако со недели се шпекулираше за тоа дали Србинот ќе замине за Мелбурн поради строгите ковид-протоколи.

Две недели пред почетокот на првиот гренслем-турнир во сезоната, Ѓоковиќ доби медицински исклучок и потврди дека ќе патува за Австралија, каде што ќе се обиде да стане најтрофеен по број на гренслем-титули во историјата.

„Среќна Нова година. Ви посакувам многу здравје, љубов, радост и среќа. Да видите, дишете и мислите љубов и да негувате почит кон секоја личност. Сега заминувам во Австралија затоа што добив исклучок и подготвен сум да живеам и да дишам тенис во следните недели. Ви благодарам на поддршката“, напиша Ѓоковиќ.