„Никој не може да го запре Халанд, тој ќе стане легенда!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер сити славеше со 3-0 против Баерн Минхен во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ), а Ерлинг Халанд постигна еден гол за својата екипа.

Фудбалерот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис призна дека напаѓачот на Манчестер сити е невозможно да биде запрен.

„Халанд ќе стане легенда. Не може да го запрете. Брз е, силен е, паметен е и никој ништо не му може“, вели Дејвис.

Халанд оваа сезона постигна дури 45 гола за „граѓаните“ во сите натпреварувања.