Никој не може да му парира на Манчестер Сити


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Познатата фудбалска опсерваторија CIES од Швајцарија ги пресмета највредните тимови во најсилните лиги во Европа, односно колку пари се вложени во кој тим. На крајот дојде до заклучок дека тоа е убедливо Манчестер Сити.

Англискиот првак е прв клуб кој ја надмина цифрата од милијарда евра за моменталните играчи.

Сити за момците кои ги сакал Гвардиола вложил вкупно 1.014 милијарди евра, а втор е ПСЖ со 913 милиони, трет е Реал Мадрид со 902 милиони евра вложени во моменталниот тим.

Следат Манчестер Јунајтед со 751 милион, Јувентус со 709, па Барселона со 697 милион евра.

Момците во Премиер лигата во просек чинат 345 милиони евра, многу повеќе отколку клубовите во другите лиги..

Во Шпанија и Италија просечна вредност на тимовите е 167 милиони евра, во Бундес лигата 124, а во Лига 1 „само“ 118 милиони евра.