Никој не можеше да ги спречи навивачите да влезат на стадионот


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Португалскиот гигант Порто вчера го совлада Маритимо со 1-0 на домашен терен и со тоа ја зазеде водечката позиција во првенството.

Натпреварот на Драгао беше одлучен по само шест минути игра со гол на Корона, а покрај теренот, на покривот на стадионот се случуваа и многу интересни работи.

И покрај тоа што присуството на публиката беше забрането, група навивачи на португалскиот се снајдоа да гледаат фудбал на стадионот. Тие се искачија на покривот, запалија факели и почнаа да навиваат.

Секако, сè беше снимено на ТВ-камерите и клубот веројатно ќе добие казна поради нив.

Сепак, прашањето е дали е забрането присуството на навивачи на покривот? Тие не беа на трибините …