Никој не постигнал побрзо 1.000 голови од Гвардиола и Манчестер сити


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Пеп Гвардиола со многу успех го предводи Манчестер сити и на пат е да освои нова титула во Премиерлигата, а исто така постави нов рекорд.

„Граѓаните“ стигнаа до 1.000 голови за само 404 натпревари во англиската елита, односно побрзо од сите други.

Со оваа бројка, „граѓаните“ со Гвардиола се тим кои најбрзо постигнале 1.000 голови под водство на еден тренер, а зад нив останува Арсен Венгер кој стигна со Арсенал до 1.000 голови за 554 меча, а трет е Сер Алекс Фергусон со 693 меча во Манчестер јунајтед.