Никој не заработи како Атлетико Мадрид ова лето


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Иако Јорганџиите изминатите неколку години баш и немаа бурни преодни рокови, посебно поради абраната од ФИФА околу доведувањето на нови играчи, ова лето надокнадија.

Тимот кој го предводи Диего Симеоние ги продаде скоро сите најдобри фудбалери, но доведе и неколку квалитетни имиња.

Атлетико го напуштија Гризман, Хернандез, Родри, Мартинс, Вието, Менсах, Хуанфран, Фелипе Луис и Диего Годин.

Клубот заработи вртоглави 280 милиони фунти и тешко е за верување дека во блиска иднина оваа сума ќе биде надмината.

Сепак, Јорганџиите не седеа со скрстени раце и не штедеа пари за доведување на нови фудбалери.

Најголемо засилување е секако Португалецот Жоао Феликс кој стигна а дури 113 милиони фунти. Покрај него дојдоа Маркос Лоренте, Фелипе, Ренан Лоди, Иван Шапониќ, Николас Ибанез и Хектор Херера, а клубот вкупно потроши 176 милиони фунти.

Треба да се очекува дека Атлетико овде нема да застани и до почетокот на сезоната да доведат уште неколку нови фудбалери.