„Никола Јокиќ е МВП, но НБА не го сака тоа!“


Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Џон Сели имаше одлична НБА кариера. Освои четири прстени, два со Детроит и по еден со Чикаго и Лејкерс.

Некогаш одличниот центар го искажа своето мислење за тоа кој е најкорисниот играч на НБА лигата (МВП) во сезоната 2024-2025.

„Шеј Гилџес-Александер заслужено ја доби таа награда. Но, ако ја погледнеме статистиката– Џокер е подобар“, рече Сели, па продолжи:

„Но, за имиџот на лигата подобар е Гилџес-Александер. Причината е што тој е помлад, раскошен, поотворен… Џокер не сакаше реклами. И нема личност што НБА ја посакува. Странец е. Меѓутоа, го разбирам и неговото гледање. Овде сум за да играм кошарка, а сè друго е сè друго.“

Фото: Принтскрин