Никола Јокиќ втор пат по ред играч на неделата


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Никола Јокиќ, центарот на Денвер, втор пат по ред е прогласен за најдобар играч на неделата во Западната конференција на НБА лигата.

Пред седум дена Јокиќ исто така беше најдобар на Западот. Се очекува Јокиќ да биде главен кандидат за играч на месецот ноември.

Во изминатата недела, Јокиќ оствари неверојатни бројки – 39 поени, 13 скока и 8 асистенции по натпревар.