Никола Јокиќ ги однесе Нагетс во полуфиналето на Западот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денвер Нагетс рано утрово направи голем пресврт и со победата во седмиот натпревар од серијата, се пласираше во полуфиналето на Западната конференција.

Денвер губеше со 3:1 во серијата, но поврза три победи против Јута Џез и се пласираше во следната рунда.

Нагетси забележаа победа од 80:78 во седмиот натпревар од серијата со Јута Џез.

Тимот од Колорадо имаше водство речиси во текот на целиот тек на натпреварот, кој достигна 19 поени разлика во втората и третата четвртина. Сепак, по одличната серија, Јута успеа да ја намали разликата во четвртата четвртина, па дури и за кратко да поведе. Сепак, Нагетс имаа доволно среќа и присебност да се вратат и конечно да ја прослават победата во „луд“ финиш.

Поени за конечни 80:78 и победата на Нагетс постигна Никола Јокиќ на 28 секунди пред крајот на мечот.

Потоа имаше напад на Џез за да изедначат или да поведат, но Харис му ја украде топката на Донован Мичел на нешто повеќе од осум секунди пред крајот на мечот. И Нагетс не ја искористија можноста да ја потврдат победата, бидејќи Крег промаши на 4,4 секунди до крајот, па Конли со звук на сирена се обиде да ги спаси Џезерите, но и тој промаши.

Нагетси до победата ги водеше Никола Јокиќ, кој забележа дабл-дабл учинок со 30 поени и 14 скока (додаде и четири асистенции), додека Џамал Мареј постигна 17 поени во победничкиот тим.

Кај Џез се истакнаа Мичел со 22 и Руди Гоберт со 19 поени.

Нагетс во полуфиналето на Западот ќе играат против Лос Анџелес Клиперс.

Треба да се напомене дека Бостон Селтикс синоќа стигна до 2-0 во полуфиналната серија на Истокот откако го совлада Торонто Репторс со 102:99.

Џејсон Тејтум беше најефикасен во победничкиот тим со 34 поени, додека Маркус Смарт имаше одлична вечер за три поени (6/11) кој го заврши мечот со 19 поени на своето конто.