„Никола Јокиќ си го потврди МВП-трофејот“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот кошаркар Пол Пирс смета дека Никола Јокиќ со неговите настапи потврдил дека ќе го освои МВП-трофејот.

Пирс смета дека на Јокиќ му немало рамен во дуелот против Минесота, кога постигна 41 поен, 11 скокови и седум асистенции.

„Јокиќ вечерва го потврди МВП-трофејот“, напиша Пирс на социјалните мрежи.

Србинот досега двапати беше МВП во НБА-лигата, а многумина сметаат дека минатата година неправедно му беше одземена наградата и доделена на Џоел Ембид од Филаделфија.