Николов: Цел Балкан ќе навива за Македонија!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација ги почна подготовките за Европското првенство (ЕП) кое ќе се одржи следниот месец.

За очекувањата од првиот настап на Македонија на големите турнири зборуваше искусниот Бобан Николов, кој е мотивиран да го даде максимумот за македонскиот дрес.

„Најважно е таму да отидеме сите здрави. Сите видовме што се случи вчера, знаеме дека Барди е херој, ја има нашата поддршка и веруваме дека ќе го преброди ова, ние сме оптимисти. Многу сме спремни и психички и физички, спремни за нови докажување, спремни сме да ја направиме нацијата горда, да изгинеме за македонскиот дрес. Тоа што се случи во клубовите, го оставивме таму, тука дојдовме со една мисла да бидеме максимално спремни за ЕП и сакам повторно да донесеме радост“, вели Николов.

Николов вели дека секогаш покажувале карактер и смета дека цел Балкан ќе навива за Македонија.

„Кога било најтешко, секогаш сме покажале карактер, оваа репрезентација, има карактер. Мислам дека цел Балкан ќе навива за Македонија. Оваа репрезентација шест години е заедно, сме поминувале низ добро и лошо, а сега доаѓа шлагот на тортата“, смета македонскиот фудбалер.