Николов: Нема што да изгубиме во Копенхаген, притисокот е на страната на Данска


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Македонската репрезентација ја започнува подготовката за првиот плеј-оф дуел против Данска за место на Светското првенство, а во тимот се враќа Бобан Николов.

Николов вели дека е голема привилегија да се игра за Македонија, па најави дека одат на изненадување во Копенхаген.

„Сите знаеме што значи да се игра за репрезентација. Тоа не може да се спореди со ништо, играш за својата држава и ја претставуваш. Се надевам дека ќе биде одлично и дека со моето искуство, заедно со сите во тимот, ќе придонесам да стигнеме до посакуваната цел.

Искрено верувам дека можеме. Нормално е да се надеваме, а ако ни е денот, можеме и да изненадиме. Сите веруваме и дојдовме тука со таа цел. Нема да се предадеме, ако сите одиграме на највисоко ниво, можеме да сонуваме за пласман. Прво размислуваме за Данска, тоа е најважниот натпревар. Притисокот е на нивна страна, а ние немаме што да изгубиме, можеме само многу да добиеме. Ќе влеземе смирено, ќе го оставиме срцето на терен, па што биде нека биде.

Селекторот носи агресија и силна мотивација. Знае како да ги поттикне играчите и мислам дека тоа е голем плус за нас. Ако таа енергија се пренесе на терен, можеме многу да постигнеме“, кажа Николов.