Николов си оди од Шериф и ќе потпише за турски тим!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Бобан Николов најверојатно ќе го напушти Шериф Тираспол, како што објавија медиумите од Молдавија.

Николов имаше одлична сезона во домашното првенство и во Лигата на шампиони, а медиумите пишуваат дека Македонецот си оди од клубот и среќата ќе ја бара во Турција, односно во екипата на Маниса.

Македонскиот фудбалер за Шериф одигра 22 натпревари, при што постигна четири гола и една асистенција за екипата од Молдавија.