До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Милан славеше минимална, но многу значајна победа во големото градско дерби против Интер, совладувајќи го вечниот ривал со 1-0 во рамки на 28. коло од италијанската Серија А. Со овој триумф „росонерите“ ја намалија разликата зад водечкиот Интер на седум бодови и останаа во трката за врвот на табелата.
Првата посериозна шанса на натпреварот ја имаше Интер. Околу половина час игра, Хакан Чалханоглу се најде во добра позиција, но не успеа да ја искористи можноста за водство на „нераѕурите“.
Казната стигна само неколку минути подоцна. Во 35. минута, Первис Еступињан испрати одличен удар и ја затресе мрежата на Интер, носејќи му водство на Милан од 1-0.















