Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ансу Фати стана вистинска сензација после настапот во првиот состав на Барселона на само 16 години.
Фати дојде во прв план после проблемите кои ги имаше Ернесто Валверде со повредените играчи, а овој 16-годишен играч својата шанса ја искористи на најдобар можен начин.
Младиот напаѓач на Барселона веќе постигна два погодоци во Ла Лигата и успеа да се запише на листата на играчи кои ќе настапуваат во Лигата на Шампионите. За Фати многумина кажуваат дека ќе биде еден од најдобрите играчи на Барселона, но најоптимистичните се надеваат дека можно е да биде наследник на Лионел Меси.
Многумина веруваат дека Фати имал среќа што дошол во првата постава на Барселона и дека тоа е чиста случајност. Меѓутоа, ова 16 годишно момче себеси си поставило јасна цел уште од пред година дена, а тоа е да биде во тим со Меси и со останатите момци.
Каталонскиот медиум Sport го „ископа“ ова видео од Инстаграмот на Фати кој го објавил ова на 25. јули изминатата година. На видеото се гледа како Фати вредно тренира, а неговиот приватен тренер откри дека уште тогаш бил решен да се подготвува за првиот состав.
Поради тоа не е изненадување што Ансу Фати ја искористи својата шанса кога Валверде му ја пружи, а сега останува на него да докаже дека тренерот на Барселона не згрешил со таа одлука.