Ништо не можело да ја спаси врската со Пике: Шакира ангажирала и психолог за парови


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерот на Барселона, Жерар Пике остана без неговата девојка Шакира, која го напушти по 12-годишна љубовна врска.

Колумбиската пејачка наводно го оставила Пике поради неговото неверство, иако имаше и други причини за нивната разделба, како што е барањето на заем од страна на фудблаерот.

„Телецинко“ објави дека 35-годишниот фудбалер ѝ кажал на Шакира дека неговите чувства кон неа се промениле, а пејачката побарала помош од психолог за парови, но ништо не помогнало.

Пике не сакал да ја продолжи неговата врска со Шакира, иако му се нудела помош, по што почнал распадот на нивните односи, а на крајот пејачката немала избор освен да донесе тешка одлука.