Ништо од Лукаку: Конте договори друго засилување


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според последните шпекулации следна дестинација на Лукаку требаше да биде Интер, но наводно тој веќе се договорил со Јувентус.

Во однос на Џеко, наводно прашање е само на време кога ќе премине во Интер, а Конте пронајде уште еден напаѓач кој би ребало да игра заедно со репрезентативецот на БиХ.

Се работи за Анте Ребиќ, а како што пишува Џанлука Ди Марцио, преговорите се убрзани со цел се да се заврши побрзо.

Интер ќе му плати на Ајнтрахт 40 милиони евра. Ребиќ минатата сезона одигра 38 натпревари и постигна 10 голови и запиша шест асистенции.

Сеуште се чека заминување на Икарди, а тој битребало да ја продолжи својата кариера во Рома, со која ќе се случи размена на напаѓачите.

Ајнтрајт освен без Јовиќ и Халер, скоро сигурно ќе остане и без одличниот Ребиќ.