Ништо од „подарокот“ на Леброн Џејмс: Ентони Дејвис си избра друг број во Лејкерс


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Лос Анџелес Лејкерс летово го ангажираше Ентони Дејвис, кој ќе се обиде да му помогне на Леброн Џејмс во намерата да се избори плејоф во НБА-лигата, па можеби ќе успеат да постигнат и поголем успех.

Леброн сакаше да му го „подари“ дресот со број 23 на Дејвис, но „Најк“ направи големи проблеми, па го спречи „кралот“ да го направи тоа, по што новото засилување на Лејкерс мораше да избере нов број.

Новинарот на „Јаху“, Крис Хејнкс порача дека спонзорот не го одобрил потегот, по што Дејвис морал да избере нов број, па во следната сезона тој ќе го носи дресот со број – три.

Сепак, не се исклучува можноста од следната сезона Дејвис да го носи бројот 23 во дресот на клубот од Лос Анџелес.