Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Од таборот на Итнер во текот на денешниот ден објавија дека нивниот дефанзивец, Милан Шкриниар го продолжил договорот со клубот.
Шкриниар беше трансфер цел на неколку европски тимови меѓу кои се истакнуваше Манчестер Јунајтед, меѓутоа трансферот нема да се случи затоа што Словакот го продолжи договорот со Интер до 2023 година.
Одличниот стопер ги одигра сите натпревари за Интер оваа сезона (38) на кои постигна четири погодоци.