Ништо од трансферот во Интер: Елмас заминува во Мадрид (ФОТО)


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Репрезентативецот на Македонија, Елиф Елмас игра фантастично во дресот на Фенербахче, па наскоро треба да направи голем трансфер и чекор напред во својата кариера.

Турските медиуми вчера пишуваа дека Елмас ќе се пресели во Интер за 11 милиони евра, но денеска Шпанците пишуваат дека „нераѕурите“ ја губат војната за македонскиот фудбалер, откако Атлетико Мадрид испратил 14 милиони евра за неговите услуги.

Засега не е познато каде ќе ја продолжи кариерата Елмас, но дефинитивно постои интерес од многу европски гиганти, меѓу кои се Наполи, Лацио и Фиорентина, а очигледно во предност за неговиот потпис се Атлетико Мадрид и Интер.