Ниту Баерн, ниту Лион: Мурињо најави враќање и порача – Ви гарантирам трофеи!


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Жозе Мурињо на крајот на минатата година доби отказ од тренерската клупа на Манчестер јунајтед и од тогаш се појавија шпекулациите за тоа каде ќе ја продолжи кариерата.

Португалецот кажа дека неговата наредна работа сигурно нема да биде во Премиерлигата.

„Мојата идна работа нема да биде во Премиерлигата. Јас гарантирам трофеи. Мојот последен трофеј беше во Лига Европа пред само две години. Последното финале го играв пред осум месеци, но тоа е сега минато“, вели Мурињо.

„Специјалниот“ потоа зборуваше за Интер со кој ја освои тројната круна, кога беше нивни тренер.

„Таму пронајдов неверојатно семејство, кое ме правеше среќен секој ден. Мојата врска со навивачите беше плод на резултатите. Освоивме многу работи. Во Лондон уште сретнувам фанови на Интер, кои ме прегрнуваат. Италија е мој природен дом. Интер ми е како семејство. Јас можам да гарантирам само трофеи во наредниот клуб, којшто ќе го предводам“, објаснува Португалецот.