Ниту Истанбул, ниту Лондон, ниту Лисабон: УЕФА реши каде ќе се игра финалето во ЛШ?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Европската фудбалска унија (УЕФА) повторно се најде под голем притисок поради организацијата на финалето во Лигата на шампиони (ЛШ) во Истанбул.

Минатата година финалето требаше да се игра на „Ататурк“ стадионот во Турција, но тоа го промени пандемијата на вирусот, по што финалето се играше во Лисабон.

УЕФА реши оваа година да биде Истанбул домаќин на големиот меч, но тоа очигледно повторно ќе се промени поради притисокот од Англија, а како нови дестинации се споменуваа Лондон и Лисабон, иако ниту тие нема да ја добијат организацијата на натпреварот.

УЕФА ѝ даде до знаење на англиската Влада дека не им се допаѓа одлуката за финалето да се игра во Лондон и дека најдобро решение би било да се игра некаде на трето место, а тоа нема да биде ниту Лисабон, туку Порто.

Секако, официјална потврда од Европската куќа на фудбалот засега нема, но наскоро би требало да пристигне.