Ниту Конте, ниту Сари: Газидис го презентираше планот на „Росонерите“, ново тренерско име и буџет од 300 милиони евра за засилувања…?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Уште седум кола останаа до крајот на Серија А. Милан и натаму го држи четвртото место кое следната сезона води во Лигата на шампионите.

Следниот меч „Росонерите“ го играат на свој терен против Лацио и тој мел едноставно мораат да го добијат, ако планираат следната сезона да се пласираат во најелитното европско клупско натпреварување.

Иван Газидис планира на „Сан Сиро“ да донесе нов тренер, но тоа нема да биде ниту Антонио Конте, ниту Маурисио Сари.

Имено, како нов тренер на Милан го гледа Маурисио Покетино, менаџерот на Тотенхем и подготвен е да му даде буџет од 300 милиони евра за доведување на засилувања.

Сигурно „Росонерите“ со таа сума, покрај постоечкиот кадат, би имале одличен тим кој би можел сериозно да се вклучи, како во трката за Скудетотот, така и за завршницата во Лигата на шампионите.

Останува само Покетино да ги прифати условите за овој трансфер.

Дали тоа ќе се случи, останува да видиме во месеците кои следуваат. Но, ако Милан на крајот од сезоната не се пласира во Лигата на шампионите, сиот план оди по вода.