Ниту Ливерпул, ниту Арсенал: Новиот клуб на Исак ќе го шокира целиот свет


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Како што стојат работите, следното лето ќе донесе голем трансфер кој ќе го восхити целиот свет, а во центарот на внимание ќе биде моменталниот напаѓач на Њукасл, Александер Исак.

Токму овој извонреден напаѓач е тема на разговор во многу клубови и се очекува голема борба за неговиот потпис следното лето.

Интерес за него покажаа Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед, но тој некако најмногу беше поврзуван со Арсенал и Ливерпул.

Како што пренесуваат француските медиуми, ниту еден од овие четири клуба нема да биде следната дестинација за Исак, туку ќе биде гигант од Франција.

Новинарот на „РМЦ Спортс“, Даниел Риоло, тврди дека ПСЖ подготвил голема понуда за Исак и дека таа ќе вклучува дури тројца првотимци.

Оваа сезона Исак одигра 31 натпревар во сите натпреварувања и постигна 22 гола и додаде пет асистенции.