Низок удар: Арсенал го исмејува Тотенхем како никој досега


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тотенхем на трофеј чека од 2008 година, кога го освои последниот во Лига Купот, а поради тоа беше исмејуван од градскиот ривал Арсенал.

На веб-продавницата на „топчиите“ некои корисници добија порака од следната содржина.

„Вашата корпа е празна како полицата со трофеи на Тотенхем“, пишува во пораката.

Ниту на Арсенал не му оди најдобро, но сепак освојува по некој трофеј. Иако беа шампиони на Англија дури 13 пати, сепак тоа последен пат се случи пред 18 години.

Од тогаш до денес успеаа по пет пати да го освојат ФА-купот и Комјунити Шилд.