Ногата му е во гипс: Дончиќ ќе го пропушти почетокот на плејофот во НБА (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ, кој е најголема ѕвезда на Далас маверикс, нема да може да му помогне на својот тим поради повреда.

Далас ќе игра против Јута во плејофот, а Дончиќ ќе ги пропушти првите два натпревари за својата екипа, со тоа што се очекува враќање за третиот меч.

„ЕСПН“ објави дека повредата на Дончиќ не е посериозна, меѓутоа кошаркарот се појави во гипс и ги загрижи навивачите.

Дончиќ сè уште не даде изјава во медиумите за повредата која ја заработи, но се надева дека ќе се врати и ќе може да му помогне на Далас.