Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Милан одигра одличен натпревар и му одржа лекција на Наполи среде Неапол со 4-0 во 28. коло од италијанската Серија А.
„Росонерите“ постигнаа гол преку Леао во 17. минута, а потоа Дијаз стрелаше за 2-0, додека уште два гола во мрежата на Мерет беа постигнати во вториот дел.
Наполи се обидуваше да стигне до израмнување, но Леао погоди за 3-0 и ја продолжи агонијата на домаќините, додека Салемакерс ги постави конечните 4-0.
Наполи е прв со 71 бод, Лацио има 55, Милан 51, а Интер и Рома по 50 бода.