Ноќ за славење се претвори во тепачка: „Злобното момче“ на англискиот фудбал направи инцидент!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Џои Бартон, „злобното момче“ на англискиот фудбал повторно ја потврди својата негатива репутација.

Поранешниот фудбалер, а сега тренер на третолигашот Флитвуд, почна жестока тепачка при прослава.

Бартон се венча летово, па со група роднини и пријатели отпатува во Корнвол, кадешто имаше тридневна забава.

За време на забавата, еден маж се скара со друга група, која се наоѓаше на плажата.

Како што може да се забележи на снимката, работите излегоа од контрола за кратко, а потоа прераснаа во масовна тепачка. Полицијата го истражува случајот, па наскоро ќе добијат сите казни.

Инаку, Бартон е познат по правење инциденти на натпреварите на кои настапуваше како фудбалер во минатото, а очигледно ниту неколку години потоа не го смири темпераментот.