Ноќ за заборав: Бензема доби два удари во краток период!


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид вчера одиграа 2-2 против Елче во 22. коло од шпанската Ла Лига. „Кралевите“ со многу среќа стигнаа до бод, затоа што гостите имаа водство од 2-0 до 82. минута, но потоа Модриќ и Милитао стрелаа за реми.

Реал до предност можеше да стигне во 33. минута, кога судијата покажа на белата точка, но Карим Бензема не го искористи пеналот, а за да биде уште полошо се повреди во второто полувреме и мораше да излезе од игра.

Но, тоа не беше крајот на лошите вести за Бензема, затоа што францускиот напаѓач го пречека непријатно изненадување во својот дом, кој бил ограбен додека бил на натпревар.

Крадците и претходно го напаѓаа домот на Французинот, но овој пат во јавност не е откриено колку е голема штетата.