Ноќна „потера“ во Манчестер: Навивач со велосипед го бркаше Гвардиола (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На социјалните мрежи се појави снимка на која во главна улога беше тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола и еден упорен навивач, кој не се откажа од фотографирање со него.

Гвардиола се вратил во градот за подготовките за новата сезона, а притоа се соочи со непријатна ситуација со навивачот.

„Пеп, може ли фотографија? Пеп? Еј! Зошто бегаш?“, викаше навивачот по тренерот на англискиот шампион.

Не е познато кога точно е направена снимката.