До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Новак Ѓоковиќ за време на церемонијата за прогласување на најдобриот спортист во светот во понеделник вечерта изјави во интервју за „Еуроспорт“ дека е повреден и затоа не игра во Мадрид, но се надева на учество на Ролан Гарос. Мастерсот во Рим, кој е помеѓу овие две натпреварувања, не го спомена.
Во едно подоцнежно интервју, со шпанската станица „Теледепорте“, малку ја ревидираше ситуацијата:
– Тренирам за да бидам подготвен да играм во Рим. Не можам ништо да прогнозирам, сè зависи од тоа како ќе се развива состојбата со мојата повреда, но за Ролан Гарос ќе бидам подготвен.
Ноле пред, за време и по церемонијата Лауреус даваше многу изјави. Ја повтори и желбата да ја брани златната медалја на Олимписките игри во Лос Анџелес.












