Нолито со трансферот го спасува поранешниот клуб од банкрот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот фудбалер, Нолито, неодамна од редовите на Селта Виго премина во Манчестер Сити.

Трансферот беше вреден 13.8 милиони фунти, а токму оваа продажба на Селта му помогна на поранешниот клуб на Нолито, Ециља, да избегне банкрот.

Имено, Ециља се натпреварува во четвртата шпанска лига и има долг од 230.000 евра, а од трансферот на Нолито во Сити ќе добијат нешто помалку од 200.000 евра.

За остатокот ќе мора да се снаоѓаат.