Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Возачот на Мекларен, Ландо Норис има добри резултати во изминатиот период и почна да ја „топи“ разликата зад лидерот и актуелен шампион Макс Ферстапен.
Британецот е на втората позиција во генералниот пласман со 52 бодови помалку од Ферстапен.
„Се надевам дека борбата ќе продолжи до самиот крај на сезоната, иако треба да освојам уште многу бодови, а тоа нема да биде лесно. Јас сум еден од најдобрите возачи во историјата на тимот. Мекларен има подобри перформанси во моментов од Ред Бул и затоа нашиот болид е побрз“, кажа Норис.
До крајот на сезоната се возат уште шест трки во Формула 1, а следната трка е закажана за периодот од 18 до 20 октомври во Остин.