Норис се разочара: Требаше да победам во Шпанија, но…


Финале: Кој до титула? Шпанија по четврти или Англија по прв пат!? ↓↓↓


Возачот на Мекларен, Ландо Норис беше одличен во квалификациите за трката за Големата награда на Шпанија, меѓутоа не победи.

Британскиот возач тргна од пол-позицијата, а трката ја заврши на втората позиција зад шампионот Макс Фестапен.

„Требаше да победам во Шпанија, но имав лош почеток. Бевме најбрзи на патеката без сомнеж, но загубив сè на стартот“, кажа Норис.

Ферстапен е лидер со 219 бодови и е на пат да ја освои четвртата титула по ред, додека зад него е Норис со 150 бодови, а трет е Шарл Леклер со 148 поени.