Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шкупи претстави уште едно засилување, а тоа е 22-годишниот норвешки напаѓач Емануел Гронер кој доаѓа од второлигашот Согндал.
Норвежанецот потпиша договор со Шкупи до јуни 2026 година, а призна дека е среќен за новиот предизвик.
„Го избрав Шкупи затоа што станува збор за клуб со големи амбиции. Кога ја добив понудата, изборот беше лесен. Сакав да играм во тим кој се бори за титулата во Македонија и игра квалификации за Европа“, кажа Гронер.
Гронер претходно го носеше дресот на Валеренга, Лин, Кјелсас, Баерум и Јерв.