Норвежаните најавија, Англичаните во еуфорија: Халанд патува кон Манчестер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ерлинг Халанд го воодушеви светот со неговите настапи за Салцбург, па привлече огромен интерес од многу европски гиганти, меѓу кои и Манчестер јунајтед, а медиумите од Норвешка најавија дека младиот фудбалер денеска патува кон Манчестер за да има преговори.

Халанд се поврзуваше со многу екипи, но неговиот избор паднал на Јунајтед, чиј тренер Оле Гунар Солскјер е воодушевен од неговиот сонародник и неговиот начин на игра.

Солскјер јавно призна дека му се допаѓа стилот на игра на Халанд и многу лесно би можеле да го видиме младиот фудбалер во редовите на „црвените ѓаволи“ уште во јануари.

Засега не се открива колку пари ќе плати Јунајтед за неговите услуги, иако се шпекулираше дека Салцбург бара 80 милиони евра.