Нов најдобар пласман: Ивановски скокна за 39 позиции на АТП-листата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски имаше одличен настап на челинџер турнирот во Романија и тоа му донесе напредок од 39 позиции.

Ивановски во моментов е на 331. место во светот, а зад него остануваат Горазд Србљак на 1.132 и Обрад Марковски на 1.227 место од македонските тенисери.

На врвот нема промени, односно Карлос Алкараз ја зголеми предноста пред Новак Ѓоковиќ и таа во моментов е 900 бодови.

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа напредуваше за 25 места и во моментов е на 224. позиција на ВТА-листата.