Нов напаѓач по инсистирање на Сетиен стигнува во Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона во следниов период ќе бара нов напаѓач со кого ќе ги пополни дупките кои настанаа со повредите на Луис Суарез и Осман Дембеле.

Кике Сетиен планира да го донесе во клубот Лорен Морон кој игра во редовите на Реал Бетис, клуб кој минатата година го водеше Сетиен.

26 годишниот напаѓач оваа сезона на 24 натпревари во дресот на Бетис веќе има постигнато десет погодоци и би можел да пристигне во Барселона за околу 25 милиони евра.