Нов потпис на Емирати


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Многумина изненади Унаи Емери кога му даде шанса на младиот Џо Вилок на почетокот на сезоната.

Младиот фудбалер покажа дека има голем потенцијал, но полека го загуби местото во тимот кога се адаптираа Дани Себалос и Никола Пепе.

Сепак, јасно е дека се уште ќе го гледаме и оваа сезона во дресот на Топџиите, а сега е јасно дека ќе го гледаме на „Емирати“ и во наредните години.

Вилок потпиша нов повеќегодишен договор со Арсенал, објави клупската веб-страница.

Овој 20-годишен фудбалер ги помина сите младински селекции на клубот од Северен Лондон, а своето сениорско деби го запиша пред две години против Донкастер во Лига купот.

До денес, тој има 20 први настапи во првиот тим, оваа сезона ги започна првите три кола во Премиер лигата. Тој е исто така член на тимот на Англија У-21.