До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Македонската ракометна репрезентација денеска од 18 часот ќе се соочи против Португалија во второто коло од Европското првенство (ЕП).
Македонија го игра решавачкиот меч во трката за пласман во втората фаза и не смее да си дозволи пораз против Португалците, кои влегуваат во средбата како голем фаворит.
Португалија уште во првото коло против Романија демонстрира моќ, додека ние загубивме убедливо од Данска, но имаме свои адути кои ќе се обидеме да ги искористиме.
Селекторот Кире Лазаров кажа дека сакаме изненадување и мора да дадеме сè од себе за да го изненадиме фаворитот.
Натпреварот меѓу Македонија и Португалија е закажан за денеска од 18 часот во Хернинг.
















