Нов пресврт – Италијански клуб го „краде“  Ибра?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сагата околу иднината на Златан Ибрхимовиќ никако да се заврши.

Многумина би рекле дека трансфер шпекулациите во врска со Ибрахимовиќ потсетуваат на латино американските теленовели.

Најпрво беше на прагот од Милан, па потоа се зборуваше и заминување во САД, а до ден денешен како главен фаворит за неговиот потпис важеше Манчестер Јунајтед.

Се споменуваше во меѓувреме дека Ибра ќе оди на Олимписки игри, со што се одлужуваше приказната за продолжување на неговата кариера до август, но дури септември, но од вчера е јасно дека Ибрахимовиќ заврши со шведскиот фудбал.

Шведката фудбалска репрезентација го заврши натпреварувањето на ЕП, а Ибрахимовиќ се реши да се повлече од редовите на репрезентавниот фудбал.

Тоа беше сигнал за сите новинари ширум светот за веќе да го преселат во Јунајтед, а сега целата приказна може да добие неочекуван пресврт.

Имено, веќе некое време се чека на потврда за превземање на еден од најголемите италијански клубови од страна на кинескиот конзорциум.

Во прашање е нормално екипата на Милан, а најновите вести од Италија наведуваат дека одма после превземањето на клубот, Кинезите ќе тргнат по шведскиот репрезентација и поранешниот играч на Росонерите Златан Ибрахимовиќ.

Тие се спремни да му понудат едногодишен договор тежок 11 милиони евра.

Се ова доведе за Ибрахимовиќ да сочека со одлуката уште барем недела дена, како веќе не чекал доволно, барем до 30 јуни кога кинескиот конзорциум треба и официјално да го превземе клубот од Берлускони.

Со Ибрахимовиќ никако не е досадно, и сме уверени дека ова не е крај на сагата околу неговата иднина.