Нов проблем во Мадрид, Зидан не го сака Србинот, „засилувањето на Перез“!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Се појавија нови шпекулации околу судбината на Лука Јовиќ и како што тврди „Дон Балон“ нов дуел помеѓу Зидан и Флорентино Перез.

Имено, Французинот наводно не ни го посакувал Јовиќ, тој е засилување на Перез и поради тоа ретко ќе му пружи шанса бидејќи нема докажано дека ќе биде од корист оваа сезона.

Според тврдењето на медиумите, Зидан побарал од Перез да го испрати Јовиќ на „зимување“ каде што ќе стекнува искуство и ќе игра регуларно, но претседателот не е воодушевен од неговата идеа.

„Дон Балон“ додава дека Јовиќ на тренинзите покажал дека не игра на исто ниво како и останатите негови соиграчи, а на теренот нема постигнато ниту гол, ниту асистенција за тоа време што го добил за игра.

Го изгуби местото во Србија, Тумбаковиќ не го повика бидејќи не игра во Реал, вредеше 60 милиони евра, сигурно дека Перез нема да се откаже од својата инвестиција. Од Јовиќ се бара трпение, но што вреди тоа кога Зидан нема доверба во него.

Ќе видеме што ќе се случи до зима, дали ќе следи позајмица, бидејќи пред неколку недели Јовиќ ги карактеризираше сличните наслови на повеќе медиуми како шпекулации без никаква подлога.