Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Напаѓачот на Челси, Еден Азар речиси сигурно ќе пристигне во Реал Мадрид ова лето и го очекува дресот со број 10, кој со години е во сопствеништво на официјално најдобриот фудбалер на светот, Лука Модриќ.
Британските и шпанските медиуми пишуваат дека Белгиецот не ја сака „улогата на Роналдо“ и дресот на Маријан Дијаз, туку идентичен број како што носи во Челси, без оглед на тоа што долго е зафатен.
Дали ова дополнително ќе ја згусне атмосферата во соблекувалната на Мадриѓаните останува да видиме, но и се очекува делот на официјализација на трансферот на Азар.