Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Талентираниот возач Дејвид Шумахер доживеа повреда на рбетот по трката на патеката Хокенхајм, па така внукот на легендарниот Михаел Шумахер и син на Ралф Шумахер ќе мора да паузира.
Дејвид имаше судир со колега Томас Преининг, по што двајцата возачи излетаа од патеката и се удрија во заштитната ограда.
По деталните прегледи во болница било откриено дека Дејвид има повреда на рбетот и скршен му е еден од пршлените, па така 20-годишниот возач ќе мора да паузира.
„Дејвид дојде дома и се жалеше на болки во грбот. Бевме на преглед во Салцбург и таму докторите открија дека има скршен пршлен, а тоа значи дека го чека пауза од шест месеци“, кажа татко му.