Нов тим се заинтересира за Матиќ, Србинот би можел да заврши во Ла Лига


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лесно може да се случи Немања Матиќ уште во јануари да си замине од редовите на Манчестер Јунајтед.

За српскиот интернационалец долго време се интересира Антонио Конте кој сака да го донесе во редовите на Интер.

Сепак, според „ЕСПН“ сега за Матиќ се интересира и тимот на Атлетико Мадрид откако Диего Симеоне пројавил желба да го ангажира искусниот фудбалер.

Матиќ не е во прв план кај Оле Гунар Солскјер оваа сезона, па и во отсуство на Пол Погба тој не добиваше многу шанса во стартните 11.