Нов триумф за Порто: Митревски со 14 одбрани ги запре Талески и Бенфика


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот голман Никола Митревски беше еден од најдобрите играчи на Порто во победата против Бенфика од 34-29.

Во првото полувреме се играше израмнето и по првите 30 минути резултатот беше нерешен (14-14), по што Митревски и соиграчите направија разлика во вториот дел и триумфираа со 34-29.

Митревски имаше 14 интервенции за време на натпреварот, додека Филип Талески постигна три гола за Бенфика.