Нов удар за Тен Хаг: Ѕвезда на Јунајтед се сели во ПСЖ!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер јунајтед наскоро би можел да остане без уште еден важен фудбалер, а тоа е Маркус Рашфорд кој планира да го напушти „Олд Трафорд“.

Рашфорд има договор до 2023 година и не планира да го продолжи договорот, а интерес за неговите услуги покажа францускиот шампион ПСЖ.

ПСЖ сака следното лето да го донесе Рашфорд во Лига 1 затоа што англискиот напаѓач може да покрие повеќе позиции.

„Секој би тргнал по Рашфорд ако биде слободен. Ние не го криеме тоа, а сме зборувале и претходно. Дали би го земале ова лето? Зошто да не. Ако биде слободен, ќе разговараме директно со него“, кажа Насер Ал-Келаифи од ПСЖ.