Нов земјотрес: Нејмар се согласил на трансфер!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Француски „РМС“ објави дека клубот од Париз би можел да го продаде Нејмар, кој прифатил да си замине од францускиот шампион.

Бразилецот пристигна во ПСЖ во 2017 година од Барселона за 222 милиони евра и стана најскап фудбалер во историјата на фудбалот.

Без оглед на тоа што договорот автоматски ќе му биде продолжен од 1 јули до 2027 година, сепак тоа нема да претставува пречка за негово заминување.

Нејмар минатата сезона одигра 28 меча за ПСЖ и притоа постигна 13 голови, а тоа е многу помалку од човек за кој се очекуваше дека ќе ја прекине доминацијата на Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Со оглед на тоа дека има висока плата, само три клуба може да му понудат идентични услови, а тоа се Манчестер јунајтед, Челси и Њукасл.