Нова бура во Шпанија: Ламин Јамал наплаќа автограми


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Ламин Јамал е, без конкуренција, првата ѕвезда на шпанскиот фудбал, но изгледа не се труди многу да ги избегне светлата на големата сцена и реакциите на јавноста.

Ново внимание предизвика со одлуката дека повеќе нема да дели автограми на децата, освен ако не платат за тоа.

Иако и самиот е дете, тинејџер од 18 години, под изговор на капитализмот и поголема заработка, одлучи да ангажира специјализиран сајт за колекционери преку кој ќе го продава својот потпис.

Тој доби понуда, пренесува “Мундо Депортиво”, која ја прифати и од сега натаму ништо кај него нема да биде бесплатно.

Дури и повеќе, нема да дава многу автограми, бидејќи што помалку ги има, толку се повредни и поскапи, па така ќе гледа да заработи уште некој милион на својата сметка.

Ова не е новост, но сепак е невообичаено во Европа, бидејќи во САД веќе го прават ова Леброн Џејмс и Лионел Меси.

Наводно, кралот на кошарката на еден потпис заработувал до 15.000 долари.